Железничкото поврзување помеѓу двете земји во фокусот на разговорите меѓу Бочварски и неговиот бугарски колега Папукчиски

од Vladimir Zorba

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари работна средба со заменик министерот за транспорт и врски на Република Бугарија, Красимир Папукчиски.

На средбата се разговараше за инфраструктурните проекти што се реализираат на регионално ниво, со посебен акцент на железничкото поврзување помеѓу двете земји.

Министерот Бочварски потенцираше дека Северна Македонија е силно посветена на доизградба на железничкиот Коридор 8, процес кој е дел од интеграцијата на транспортниот систем на земјата во Европските коридори.

На средбата се отвори и прашањето за изградба на железничкиот тунел кој ги поврзува двете земји на граничниот премин Деве Баир, како и за отворање на новиот граничен премин Клепало.

Двете страни се заложија да се интензивира работата на меѓудржавната Комисија за поефикасна реализација на инфраструктурните проекти.

На крај, министерот ја потврди значајната соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија и ја нагласи потребата од одржување и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Слични содржини