Жељазков: Обврската за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав е предуслов за полноправно членство во ЕУ

Бугарските влади на Борисов добро соработуваа со македонските влади на Заев и Ковачевски, порача Жељазков

од Nikola Popovski
41 прегледи Фото: Фејсбук

„Никогаш не сме барале аргументи во внатрешнополитичките дебати во Македонија, но се надеваме дека говорот на омраза и почитувањето на правата на бугарското малцинство и посветеноста за вклучување во Уставот ќе бидат исполнети, бидејќи тоа е предуслов за продолжување на патот кон полноправно членство во Европската Унија“. Ова го изјавил премиерот на Бугарија, Росен Жељазков како одговор на новинарско прашање. Тој го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој синоќа пристигнал во посета на Софија.

Според бугарскиот премиер, ставот на Бугарија за интеграцијата на Македонија во ЕУ отсекогаш бил конзистентен и принципиелен.

-Бугарските влади на Бојко Борисов добро соработуваа со македонските влади на Заев и Ковачевски, нагласил Жељазков. Тој потсетил на потпишаниот Договор за добрососедство.

-Пронајден е начин на дејствување што ќе им овозможи на РСМ, како и на другите балкански земји, да напредуваат во процесот на пристапување врз основа на сопствени заслуги, рекол Жељазков.

Тој додал предлогот за компромис за време на француското претседателство бил одобрен од Европскиот совет, добил одобрение од бугарскиот парламент и оттогаш ништо не се променило- „ниту во однос на принципите, ниту во однос на пристапот, што би им дало основа на нашите колеги од Скопјe да тврдат дека постои бугарски диктат“. Тој потсетил дека со одлука на Народното собрание оваа година, Бугарија ја потврдила својата позиција и експлицитно изјави дека нема да поставува никакви други барања за обврски од нашите соседи.

Според Жељазков, поднесената жалба до Уставниот суд во Македонија на потпишаниот протокол кон Договорот за добрососедство била неоправдана и непотребна. Жељазков рече дека овој договор предвидува годишен преглед на спроведувањето на договорот, кој е дел од Договорот за добрососедство и е исто така дел од консензусот од 2022 година.