Жител од кривопаланечко пријавил во полиција дека бил нападнат од неговата сопруга. Според МВР, сопругот бил нападнат во семејниот дом.
-Денеска (01.01.2025) во 01.36 часот во ОВР Крива Паланка, 37-годишен маж пријавил дека околу 01.00 часот во семејниот дом во кривопаланечко село, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга Б.С.(34), стои во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.