1,9K
Жена ограбила обложувалница во с. Ростуше, известуваат од полицијата.
На 09.06.2024 во 19.50 часот на локален пат за с.Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода В.Т.(56) од с.Ростуше.
-Таа се сомничи дека околу 19.30 часот од спортска обложувалница во с.Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.