300
Жена падната од трет кат од социјалната зграда во Охрид. Случајот, засега е под неразјаснети околности. Според првичните информации се работи за 35 годишна жена која со тешки повреди е хоспитализирана во болница.
Од СВР Охрид велат се работи на расчистување на настанот, лишени од слобода се две лица од Охрид. Увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи. Од болницата „Св. Еразмо“ во Охрид велат дека биле констатирани тешки телесни повреди, искршени ребра и воздух во градната шуплина, повредената е препратена на Хируршкото одделение.
Станарите и очевидците се сомневаат дека се работи за обид за убиство.