374
Во центарот на Скопје доцна попладнево се случила сообраќајна незгода во која со повреди се здобила жена, која е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош.
Од МВР информираат дека увидот е во тек, а според првичните информации мотоцикл удрил во жената пешак.