Жена пренесена во болница откако дрво падна врз неа во центарот на Скопје

од Nikola Popovski
66 прегледи

Силниот ветер кој попладнево дуваше во Скопје, откорна неколку дрвја на повеќе локации во главниот град. Eдно дрво паднало врз жена во самиот центар на градот, во близина на Европскиот универзитет, на самиот булевар „Свети Климент Охридски“.

Според информациите на дел од медиумите, пристигнала и екипа на Брзата помош, по што жената е пренесена во една од скопските клиники. Не е познато дали нејзината состојба е животозагрозувачка.

Поради паднатото дрво, во моментов сообраќајот се одвива отежнато.

Попладнево паднало дрво и врз автомобил во близина на ТЦ „Веро Џамбо“, a исто има паднато и во Дебар Маало на улицата „Орце Николов“.

Фото: Локално

Според УХМР, времето во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.

Слични содржини