Жена прободе маж во Тетово

од Nikola Popovski
351 прегледи

MВР интеревенирала синоќа по пријава во Тетово, откако жена со нож прободела повозрасен човек кај кого престојувала.

-Ноќеска на 10 декември околу 1 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 44-годишната Л.Ѓ. и 58-годишниот Ф.Р., двајцата од Тетово, поради сомнение дека Л.Ѓ., претходно, во домот на А.Т.(60) во Тетово, каде што престојувала заедно со Ф.Р., со остар предмет го повредила А.Т, соопштија од полицијата.

Тој бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Тетово, а Л.Ѓ и Ф.Р. се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Слични содржини