Жена се обидела да киднапира тригодишно дете, добила само писмено предупредување

од Nikola Popovski
621 прегледи

Жена од Скопје пријавила во полициска станица дека непозната жена се обидела да ја грабне нејзината тригодишна ќерка.

-На 02.11.2024 година во 14,00 часот во ПС Ѓорче Петров А.Б. (35) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13,50 часот во парк во населбата Ѓорче Петров непознато женско лице на возраст од 45 до 55 години се обидело да ја грабне нејзината тригодишна ќерка. По примената пријава и превземените мерки во 16.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со лицето М.М.(46), а за настанот е информиран и надлежен ЈО по чии што насоки лицето М.М. било писмено предупредено, информираат од полицијата.

Слични содржини