
Меѓу општеството лебди сфаќањето дека луѓето имаат најмногу секс додека се млади. Се тврди дека за време на 20-те години човекот поминува низ најразлични искушенија – секс без обврзување, пријатели со привилегии, прв љубовни трепет. А љубопитноста побудува кај веќе возрасните жени и мажи да ѕиркаат под чаршафот на интимниот живот.
Но дали во таа возраст сексот е квалитетен? Кога всушност една жена ужива во вистинскиот секс?
Според американски истражувачи, една жена се чувствува најдобро уверена во флертот и интимниот живот, откако ќе наполни 36 години. Заклучокот е направен по спроведување на репрезентативно социјално истражување од фармацевтска компанија во САД која направила студија ЗА причините за контрацепција кај дамите, пишува “Independent”.
За целите на студијата 2.600 жени биле поделени на три старосни групи: млади (под 23 години), на просечна возраст (23 – 35 години) и возрасни (од 35 години нагоре). Дамите беа замолени да пополнат кратка анкета, во која да ги откријат во кое време од сексуална пракса тие добивале најквалитетни сексуални чувства.
Што покажуваат резултатите:
Како што веќе рековме, жените околу 36 години се чувствуваат добро во својата кожа, флертуваат и не се срамат да кажат што сакаат. Претставниците на понежниот пол од оваа група вложуваат напори за својот изглед. 80% од нив изјавиле дека се чувствуваат секси.
Добивањето на пријатни емоции во кревет има директна врска со успешноста. Ако една дама не е сигурна во себе, таа ќе се грижи дека нејзиниот партнер не ја сака целосно.
Поради тоа 70% од младите девојки (под 23 години) во анкетите рекле дека не се сексуално задоволени. Истата студија забележува дека и кај дамите во возрасната група 23 – 35 години, игледот на младоста не е критериум за апсолутно задоволство под чаршафите.
Најмногу корист во креветот има кај постарите дами. Секоја шеста жена којанаполнила 36 години, се смета за задоволена. Кај останатите возрасни групи сексуалното задоволство постепено расте со годините.
Кај младите е 56%, а кај жените на средна возраст тоа е 76%.
Колку повеќе искуство има една жена во интимен план, толку повеќе таа се разбира од што има потреба. И додека кај младите девојки сексот се уште е експеримент, оние средовечни веќе почнуваат да чувствуваат што е за нив и она што не. Кај старосната граница 36 години изгледа има директна врска со задоволството од половиот однос.
Кај дамите кои се на оваа возраст, најважно е да се следи една едноставна формула: трпение, кондоми и број на сексуални партнери не поголем од 10.