Жената која ползеше на предавањето на професорот Боришиќ: „Направив непријатност“

од Stefanija Kuzmanovska

Зденка Боричиќ, сопругата на Иван Боричиќ, професор на Медицинскиот факултет, кому неочекувано сопругата му доползе во кадар додека држеше онлајн предавање, рече дека ѝ е прилично непријатно поради овој настан, што насмеа многу корисници на социјалните мрежи.

Имено, Зденка била во просторијата со професорот додека тој држел предавање на студентите пред камерата, но таа морала да ја напушти просторијата, па затоа не сакајќи да го вознемирува, се обидела да го стори тоа на дискретен начин . Се случи токму спротивното.

– Сакам да ги слушам неговите предавања. Тој е многу динамичен и паметен човек, а исто така студирав медицина се додека не ги родив синовите. Морав да излезам, но не сакав да го прекинувам. И, еве, му направив мала непријатност на мојот сопруг – вели оваа шармантна дама.

Проф. Боричиќ претходно изјави дека воопшто не му е драго што видеото стана хит на социјалните мрежи и дека е подобро студентите да учат отколку да се занимаваат со глупости, пишува „Курир“.

– Предавањето, кое трае 130 минути, го снимав ден претходно, во саботата, но поради некои технички проблеми, не беше објавено на веб-страницата на факултетот. Морав повторно да го снимам во недела. Ја забележав сопругата, но навистина не можев да снимам по трет пат. Не сум задоволен што студентите го исекоа тој дел и го објавија на социјалните мрежи. Подобро би било да учат отколку да се занимаваат со глупости – рече професорот.

Слични содржини