Жени, бидете внимателни: Ова се симптомите на воспаление на јајниците

од Elena Daskalova
3,2K прегледи

Воспалението на јајниците е тежок гинеколошки проблем кој потекнува од бактериска инфекција и може да ја зафати и целата матка.

Кон воспаленија се склони оние жени со заслабнат имунитет и оние кои се под константен стрес, како и жените кои пушат цигари. Првите симптоми се болка во долниот дел на абдоменот, непријатно боцкање од левата, десната или и двете страни, болка во грбот, често мокрење и обилни и продолжени менструации.

Инфекциите често настануваат при незаштитен сексуален однос или неодговорно однесување кон своејот репродуктивен систем. Бактериите создаваат кисела средина во организмот, која е идеална за инфекцијата да се шири, па дури и да зафати други делови од абдоменот.

Воспалението на јајниците може да предизвика стерилитет и да го зголеми ризикот за вонматерична бременост. Поради тоа е важно да посетите гинеколог уште и при најмалите, но невообичаени симптоми.

Слични содржини