Жени ќе раководат со шест општини

од desk2
66 прегледи

Жени ќе раководат со шест од 80 општини во Македонија во кои се избираа градоначалници на локалните избори.

Во првиот круг од локалните избори, кој се одржа на 15 октомври, функцијата градоначалник за општините Битола и Арачиново ја добија Наташа Петровска и Меликие Халими од СДСМ. По вториот круг кој се одржа вчера, листата со градоначалници во Македонија се збогати со уште четири жени.

Во Македонска Каменица победи Соња Станменкова, во Старо Нагоричане Жаклина Јовановска, во Могила Јасмина Гулевска, сите од СДСМ, а во Тетово повторно е избрана Теута Арифи од ДУИ. Градоначалничката на Битола Наташа Петровска по професија е професорка во Техничкото училиште и координатор на советничката група во Советот на Општината. Меликие Халими од СДСМ стана првата жена, која е избрана за градоначалник на Арачиново. Македонска Каменица ќе ја води Соња Стаменкова, која по професија е дипломиран психолог и психотерапевт, додека на градоначалничката фотења во општина Старо Нагоричане ќе седне Жаклина Јовановска, која доаѓа оа ЈП Чистота и Зеленило во Куманово.

Во Могила во вториот круг победи Јасмина Гулевска од СДСМ, а Теута Арифи од ДУИ е старо- нов градоначалник во Тетово./MIA