Жените гледаат повеќе порнографија откако ќе се омажат, додека оженетите мажи гледаат помалку.couple watching tv

Ова го покажуваат резултатите од новото истражување, цитирани од “Индипендент”. Во него се анкетирани 100 оженети мажи и жени, за да се утврди како однесувањето и односот спрема сексуалноста се менува пред и по бракот. Од жените-учесници, 9% признале дека гледале порно пред бракот, додека 28% гледаат по ставањето на прстенот. Обратен тренд се забележува кај мажите. 23% од испитаниците од посилниот пол велат дека гледале порно пред да потпишат, додека само 14% продолжуваат потоа.

“Повисокото ниво на сексуална желба секогаш се поврзува со гледањето на порнографија. По бракот мажите се зафатени со воспоставувањето на социјалноекономскиот статус во општеството. Така и приоритетите им се менуваат од сексуални фантазии на вистински сексуални практики со партнерките “, гласи истражувањето објавено во специјализиран журнал по сексологија.

Друга можна интерпретација е дека не е бракот одлучувачки фактор, туку возраста. Поверојатно е жените да чувствуваат помала социјална стигма за гледање на порно со зголемувањето на нивната возраст. Развојот уште ги истражува сексуалните преференци на паровите поделени на полов принцип. Резултатите покажуваат дека 13% од мажите и 12% од жените го одредуваат  вагиналнот секс  со пенетрација како омилен. 2% од мажите и о, 4% од жените преферираат анален секс. 5,9% од мажите најмногу сакаат да ги реализираат своите сексуални фантазии во вистински чин, а истиот процент кај жените е 6,9%.

Слични содржини