Жените ретко први му приоѓаат на мажот, особено во живо, а можеби се малку похрабри во апликациите за забава. Имено, едно истражување покажа дека една од три врски започнати на Интернет е иницирана од жена.
Сепак, експертката за врски, Медлин Мејсон верува дека жените им приоѓаат први на мажите многу почесто отколку што се мисли.
„Мажите ретко им приоѓаат на жената освен ако таа не им даде сигнал дека е заинтересирана, без разлика дали станува збор за насмевка или вртење на косата со прсти“, вели таа.
Она што е интересно е дека, барем според неа, жените кои го прават првиот чекор имаат повеќе среќа во љубовта.
„Логично е, некој што е совесен има поголеми шанси да постигне резултати. Колку е постабилна и посигурна личноста, толку повеќе мажите ја доживуваат како материјал за брак“.
Со други зборови, дамите кои ќе се решат на првиот чекор очигледно знаат што сакаат, а со тоа имаат поголеми шанси да го добијат тоа што го сакаат.
Патем, според претходните истражувања, повеќето мажи изјавиле дека сакаат кога жената ќе го направи првиот чекор затоа што сметаат дека тоа е вистинско освежување и најголем комплимент што можат да го добијат.