Има жени кои го имаат тоа нешто – енергија, став и неодолив изглед кој ги привлекува мажите со висок статус. Некои го прават тоа свесно, а некои едноставно зрачат со луксуз, самодоверба и софистицираност, што магнетски ги привлекува луѓето со богатство и моќ.
Во астрологијата, постојат знаци кои ги имаат токму овие квалитети – харизма, интелигенција и непоколеблива самодоверба. Тие не бараат успешни мажи, туку природно се собираат околу нив.
Еве три хороскопски знаци кои секогаш се во друштво на оние кои знаат да заработат и трошат големи суми пари.
Лав
Лавицата никогаш не бара внимание, таа едноставно го добива. Нејзиниот начин на одење, нејзиниот начин на зборување и нејзиното непогрешливо чувство за стил ја прават вистинска магнетна сила во секое општество. Таа не поднесува просечност и си ја знае вредноста, а богатите мажи тоа веднаш го препознаваат. Она што Лавовите ги издвојува од другите е тоа што тие самите го сакаат луксузот. Амбициозни се, им се допаѓа најдоброто во животот и не се задоволуваат со ништо помалку од најдоброто. Затоа е природно да ги привлекува маж кој може да ги исполни нивните стандарди и кој сака да го покажува своето богатство. Тие не се материјалисти – тие се жени кои го очекуваат најдоброто и го добиваат.
Вага
Вагата е олицетворение на префинетост и добриот вкус. Тие не се само физички привлечни, туку знаат и како да се однесуваат во секој социјален круг. Имаат совршено избалансирана комбинација на убавина, шарм и интелигенција, што ги прави неодоливи за мажите кои се навикнати на високи стандарди. Она што ги издвојува е нивната способност да се прилагодат на ситуацијата. Тие секогаш знаат кога да бидат суптилни и кога да блеснат во центарот на вниманието. Токму тоа го бараат моќните и богати мажи – жена која нема да ги засени, туку секогаш ќе им биде елегантна придружничка во секоја ситуација.
Скорпија
Ако постои жена која никој не може да ја заборави, тоа е Скорпија. Нејзината привлечност не е само во нејзиниот физички изглед – таа има енергија што влегува под кожа. Нејзината мистерија, страст и непоколеблива самодоверба привлекуваат мажи кои сакаат предизвик. Она што ја прави посебна е тоа што не покажува премногу емоции, но сепак остава впечаток дека точно знае што сака. Богатите мажи сакаат жени кои се различни, оние кои ги заинтригираат и ги тераат да се трудат повеќе. Скорпијата не освојува на класични начини – остава впечаток на жена вредна за освојување, а мажите кои се навикнати да имаат се што ќе посакаат сметаат дека ова е најголемиот предизвик.