Жените на Саудиска Арабија веќе патуваат во странство без дозвола на машки старател, пренесува Франс прес.

Реформата беше најавена на почетокот на месецот , а заклучно со вчерашниот ден, 20 август, таа официјално стапи на сила.
Саудиската администрација веќе прифаќа апликации од жени со најмалку 21 година за да добијат или обноват пасош за да патуваат надвор од кралството без дозвола за старателство, се вели во твитот на канцеларијата за пасоши на земјата.
Ова е уште една мерка што го ослабува системот „машки старател“ во Саудиска Арабија, на која жените мора да се покоруваат, било да е тоа сопруг, татко или роднина.
Минатата година Саудиска Арабија им додели на жените право на возење , што се смета за историски потег за правата на жените во земјата.
Промените беа поздравени од поголемиот дел од населението на кралството, иако екстремните конзервативци ги нарекоа „анти-исламски“ мерки.