Жените родени во овие хороскопски знаци тешко опстануваат во заедница.
Жените родени во овие четири хороскопски знаци многу тешко остваруваат љубовна врска. Тие едноставно имаат таков карактер што им го отежнува опстанокот во заедница. Ако сакате љубов доживотно, со нив ќе биде најтешко, речиси невозможно. Тие се прилично ладни и со нив мажите треба да најдат посебен пристап за да изградат сериозна врска. Тие се многу пребирливи кога станува збор за мажите.
Јарец
Жената Јарец обично изгледа многу ладно, себично и недостапно. Претставниците на овој знак често избираат повозрасни мажи бидејќи бараат партнер кој е самоуверен. Не сакаат да губат време на долги романси и не се заинтересирани за лесни интриги. За да го освои нивното срце, секој маж ќе мора да вложи максимални напори. Јарците во врска можат долго да ги кријат чувствата, а и по неколку години нема да покажат колку го сакаат партнерот. Да, на овие жени им е тешко да кажат нежни зборови на љубов, бидејќи не сакаат да ги покажуваат своите емоции и чуваат се во себе.
Лав
Исто така, Лавовите се пребирливи и може да се сметаат за непробојни знаци на Зодијакот. Добро си ја знаат вредноста, бидејќи претставниците на овој хороскопски знак се нарциси кои дефинитивно не сакаат да се менуваат и нема да толерираат ни најмали знаци на невнимание. И штом Лавицата почувствува дека мажот не ја цени, со задоволство ќе најде замена.
Девица
Во оваа листа можат да се вклучат и Девиците, бидејќи се многу пребирливи во љубовта. Најпрво ќе ги одмерат сите добри и лоши страни, па дури потоа ќе одлучат дали ќе одат на состанок или ќе влезат во сериозна врска, па привлекувањето на нивното внимание не е така лесно. Девиците сакаат да контролираат сè, вклучувајќи ги и своите чувства. На почетокот на врската овој хороскопски знак ќе се однесува како снежна кралица, бидејќи нивното срце и доверба мора да се заслужат, а чувствата да се докажат со текот на времето.
Риби
Рибите јасно знаат што сакаат, но сакаат сè да биде како во бајка: прстен, кочија и принц на бел коњ, бидејќи се убедени дека мажите треба да подаруваат, да ја исполнат секоја желба и да преземат целосна одговорност за сè. За да го освоите срцето на Рибите, секако, ќе треба да се потрудите, а после тоа следува уште една тешка задача – да го задржите овој хороскопски знак. За нив е многу важно мажот да им покаже грижа и внимание.