Жените родени во овие хороскопски знаци се тешки како земја

од Берта Китинска

Ако сакате љубов до крајот на животот, ќе биде најтешко, скоро невозможно тоа да го остварите со припадничките на овие три знаци.

Овен

Жените во овој знак мора да го контролираат и надгледуваат секој аспект на врската. Тие треба да испланираат сè однапред и сакаат секој детал од врската да биде на место. Поради нивната самодоверба, тие први се интересни, но со текот на времето, таа самодоверба се претвора во супериорна природа со која тешко ќе се справите. Тие нема да реагираат добро на некој што им се заканува, на некој чија личност е толку интензивна и моќна како нивната. Најважното нешто што треба да се има на ум е дека тие не сакаат нивната врска да биде борба за превласт.

Девица

Постои една работа што не е привлечна за Девиците – тоа е нивната опсесивно критичка и осудувачка природа. Заради нивната перфекционистичка филозофија, Девиците имаат неразумно високи стандарди. Таа ќе очекува да бидете повеќе отколку што сте и нема да жали што се чувствувате лошо затоа што сте ги изневериле нејзините очекувања. Таа верува дека има право да поставува високи стандарди и ако навистина сакате да бидете со неа, треба да дадете се од себе за да ги исполните.

Шкорпија

Од сите хороскопски знаци, жените во знакот на Шкорпија се едни од најинтересните и најуникатните. Тие имаат многу квалитети. Тие се паметни, перцептивни, организирани и одговорни. Она што им недостасува е посветеност. Тие ги прават работите на одреден начин и мразат кога треба да се прилагодат на туѓите желби. Потребно е многу напор и посветеност за ваква жена да се посвети на врската со вас. Повеќето мажи остануваат разочарани.

Слични содржини