Страствена, импулсивна, бунтовна, слободоумна, ентузијастичка, смела, самоуверена, неограничена, жива, забавна, тврдоглава, темпераментна, пркосна – сето ова е жената родена во хороскопскиот знак на Овен.
Таа е бестрашен и природен лидер, родена да биде во првите редови, поради што Овенот е првиот знак на зодијакот – со својата енергија, харизма и динамичност, таа е во состојба да ги предводи останатите 11 знаци.
Таа секогаш се радува на нови предизвици, така што типичниот Овен е ранобуден и едвај чека да започне нов ден и да види што ќе ѝ донесе. Сепак, поради нејзината нетрпеливост, таа има тенденција да премине на нов предизвик пред да го заврши претходниот.
Таа е вечен и непоколеблив оптимист, затоа нејзиното поле на интерес е честопати борбата за правата на другите, како и борбата за подобра иднина воопшто. Таа знае да биде многу разиграна и е одличен авантурист кој секогаш гледа напред, а ретко кон минатото.
Како и сите, и таа има маани, а најчести и се себичноста, прекумерната тврдоглавост и љубомората.