Жените кои работат во канцеларии, одговарале повеќе на повиците за добротворни цели во споредба со мажите. Ова го покажуваат резултатите од анкетата во Велика Британија, пишува Reuters.
Според истражувањето, околу 66 отсто од жените даваат пари за добротворни цели на работното место, додека тоа се однесува за 49 отсто од мажите.
Истражувањето опфатило 1079 лица во Велика Британија и е извршено од компанијата YouGov. Резултатите покажуваат дека речиси 60 отсто од вработените трошат по околу 46 фунти годишно, за да одговорат на повиците за добротворни цели на работното место, како купување колачи, преку директни донации или спонзорирање на колега.
“Повиците за добротворни цели се голем дел од културата на работното место. Милиони од нас спонзорирале колега кој собира средства за добра кауза.
Од претходните истражувања знаеме дека повиците за добротворни цели на работното место не само што обезбедуваат можност за поддржување на добри каузи, но и го зголемуваат духот “, изјавија авторите на студијата.