Во неколку американски сојузни држави е укината уште една забрана, одењето на жените топлес по улици.

Ова е голема победа за феминистичката кампања Free the Nipple во градот Форт Колинс, Колорадо каде е укината локалната забрана за топлес, односно покажување на женските гради во јавност.
Тужба против забраната поднесоа активистките Брит Хогланд и Саманта Сикс. Судската одлука за легализирање на топлесот опфаќа шест сојузни држави кои спаѓаат во десеттиот круг на судот. Тоа се Вајоминг, Јута, Колорадо, Канзас, Њу Мексико и Оклахома.
Форт Колинс и официјално ја укина забраната за топлес за жени и девојчиња постари од 10 години од статутот за јавна голотија.