Само 14 земји во светот имаат закони кои на жените им даваат исти права како и на мажите, а С.Македонија е на 68-та позиција, меѓу 190 земји и територии вклучени во извештајот на Светска банка „Жени, бизнис и право“.
Според индексот на еднаквост, на врвот на листата се Белгија, Канада и Данска.
Земјите кои им даваат на мажите и жените исти права вклучуваат: Франција, Германија, Грција, Исланд, Ирска, Латвија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска.
Кога станува збор за Западен Балкан, според индексот на еднаквост, најдобро рангирана е Србија е на 34. место. Следат Косово (37) и Албанија (38), додека Босна и Херцеговина (64), Црна Гора (67) и Северна Македонија (68) забележаа идентичен индекс од 85 поени.
На дното на листата се Судан, Јемен и Западниот Брег и Газа.
Според индексот, жените остваруваат 77 отсто од законските права во споредба со мажите. Исто така, 2,4 работоспособни жени во светот немаат исти права како мажите.
Во многу земји, жените попрво ќе се пензионираат отколку што ќе ги остварат истите права како и мажите.
Индексот на еднаквост се пресметува врз основа на осум области: економска активност, мобилност, работно место, плата, брак, родителство, претприемништво, имот и пензија.