84
Безживотно тело денеска било извлечено од водите на реката Вардар во Скопје. Полицијата го извлекла телото на кејот на Вардар кај Аеродром.
На терен се присутни екипи на МВР и јавен обвинител.
Скопската полиција ја потврди несреќата:
-Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полициското соопштение.