На денешниот каталонски референдум за отцепување на Каталонија од Шпанија, излезе да гласа и дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике кој никогаш не ги криеше своите политички ставови.

Додека специјалната полиција се обидува да го спречи одржувањето на референдумот, на многу избирачки места граѓаните излегоа и го дадоа својот глас.
Еден од нив е и Пике, кој во Барселона ја исполни својата граѓанска должност.
„Гласав. Заедно сме незапирливи во одбрана на демократијата.“, порача Пике на Twitter.
На референдумот гласаше и некогашниот капитен на Барселона, Карлес Пујол, кој на Twitter порача: „Гласањето е демократија“, додека легендарниот Чави ос Катар прати видеопорака во која побара од шпанските власти да ги повлечат специјалните сили и да ги остават луеѓто да гласаат.