Жерновски: Граѓаните не можат да врзат крај со крај, а Владата полемизира за нов државен авион

„Премиерот вели арогантно „Буџетот е во одлична состојба“, наредниот ден министерката за енергетика вели „Ја знаете состојбата, буџетот не ни е во добра состојба“, порача членот на СДСМ

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5

Огромен број на македонски граѓани живеат во сиромаштија и одвај врзуваат месец со месец додека вие како Влада велите дека нема пари за зголемување на минималната плата а уште следниот ден говорите за тоа дека мора да купите нов луксузен државен авион, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски на вчерашната дебата во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

„Ние имаме дупка во буџетот, Премиерот вели арогантно: „Буџетот е во одлична состојба“, наредниот ден Министерката за енергетика вели „Ја знаете состојбата буџетот не ни е во добра состојба“ и ќе се купува авион“, изјави Жерновски.

Тој искажа и разочарување од тоа дека Премиерот на Светскиот економски форум во Давос не одржал ниту една билатерална средба со претставниците на останатите држави и дека единствено останал забележан благодарение на фактот што поседувал еден од најскапите часовници меѓу присутните државници.