Жерновски: Сериозни работи се случуваат во позадина штом Трифонов ја напушта владата на Петков

од Nikola Popovski

Излегување на партијата на Трифонов од бугарската влада значи дека се случуваат сериозни работи во позадина. Не би имал ваков настап Трифонов, штом нема некакви најави. Ова не е сценарио што е изненадување за бугарскиот премиер, туку е нешто што се работи како план Б или Ц. Вечерва ќе изразам поголем оптимизам отколку повеќе аналитичари овој период. Не правам непрактичен обид, туку мислам има сериозни обиди, вели поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Според него, изјавата на Петков дека е спремен да раководи со малцинска влада, покажува дека се повеќе се приближуваме до денот кој ќе донесе одлука и се надевам ќе биде позитивна.

Партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“ се повлекува од бугарската влада, а како една од причините е Македонија и обидите за кревање на ветото.

Слични содржини