125
Поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, на социјалните мрежи реагираше на, како што го нарече, „вистинскиот министер за надврешни работи“, Антонијо Милошоски, дека политика на оваа влада е на иста линија и усогласена со онаа на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во напишаното тој додава дека додека еврокомесарката за проширување, Марта Кос, информира дека Црна Гора и Албанија би можеле да ги завршат преговорите за членство во ЕУ во 2026, а ние „упорно тонеме ли тонеме“.