„Нема држава во Европа или во светот која што нема да се соочи со афера. Разликата е дали таа влада или институциите во државата се спремни да реагираат за да се соочат со такви афери, или воопшто не реагираат“, изјави Андреј Жерновски во вечерашната дебатна емисија „Само вистина“ на Канал 5.
Според него, во тоа се состои разликата како работела претходната влада предводена од Никола Груевски и сегашната влада на чело на Зоран Заев.
„Тоа е круцијалната разлика меѓу владата на ВМРО-ДПМНЕ и сегашната на СДСМ. Затоа на крајот ќе одлучуваат граѓаните на претстојните избори“, истакна Жерновски.
Она што денеска може Владата да го направи, како што истакна, е да докаже дека сите се еднакви пред законот.
„Тоа е нешто што до сега го немаше“, потенциа тој.