Жестоко во Собранието: Прв ден од расправата за ребалансот на Буџетот

од Nikola Popovski
208 прегледи

Попладнево заврши првиот ден од собраниската расправа за ребалансот на Буџетот.

За време на денешната жестока расправа, опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ велат дека непотребни задолжувања се предвидени со ребалансот и зголемени трошења кои не носат никаква продуктивност. За власта ребалансот е соодветен и навремен фискален одговор на тековните глобални случувања

Првиот финансиер, Фатмир Бесими, пак, уверува дека ребалансот не е неопходен за да се одговори на последиците од глобалните кризи. Вели, повеќе пари ќе има за пензии, плати и субвенции. Најави и нови анти-кризни мерки.

Владата со новиот ребаланс скрати речиси 100 милиони евра за капитални инвестиции.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за 6,9 милијарди денари повисоки во однос на првичните проекции на Буџетот, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 288,5 милијарди денари или се околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3 проценти од БДП.

Расправата продолжува утре напладне, а согласно Деловникот за работа, таа може да трае најмногу пет работни дена.

Слични содржини