Габриел Жесус ќе стане најплатениот играч на Арсенал доколку лондончани успеат да се договорат со Манчестер Сити за Бразилецот.
Според „Сан“, „топџиите“ на напаѓачот му понудиле плата од 13,7 милиони фунти годишно, што е еднакво на 264.000 фунти неделно. Доколку Арсенал се пласира во Лигата на шампионите, неговата плата ќе скокне на 280.000 неделно. Во моментов највисока плата на „Емирати“ има Томас Партеи, кој инкасира 200.000.
Ако бројките се точни, тоа значи дека Жесус ќе добива речиси три пати поголема плата од онаа за која моментално настапува во Манчестер Сити – 90.000.
Арсенал за Бразилецот ќе му плати на англискиот шампион околу 50 милиони фунти.