Жиру: Челзи е совршен клуб за мене

од Vladimir Zorba

Оливие Жиру објави дека Челзи е идеален клуб за него, откако вчера, „сините“ го привлекоа за 18 милиони фунти.

Оваа сезона, Французинот помина сериозно време на клупата во Арсенал и покрај добрите вклучувања од клупата, Арсен Венгер одлучи да се раздели со него, давајќи му можност да потпише за година и пол со локалниот лондонски ривал.

Синоќа тој го проследи разочарувачкиот пораз од Борнемут 0-3, но тој се очекува да го запише своето деби викендов, откако Алваро Мората продолжува да биде повреден.

„За да дојдам во Челзи, разговорот со Антонио Конте беше најважен. Чувствував дека навистина сака да работи со мене. Затоа, мојата желба беше да дојдам во клубот со надеж дека ќе играм повеќе. Мојата цел беше да останам во Премиер Лигата, а Челзи е совршено место бидејќи ќе останам во Лондон. На прво место, сепак, е спортскиот аспект“, рече Жиру.

Тој, исто така, ќе биде на линија за натпреварите во Лигата на шампионите, бидејќи тој не играл на турнирот оваа сезона.

„Овој турнир е од огромно значење за секој играч. Ќе има два добри меча против Барселона, бидејќи секој ја знае нивната класа и мора да бидеме на потребното ниво“, рече тој.

Слични содржини