Жител на Ѓорче Петров пронајден починат во својот стан

од Nikola Popovski
259 прегледи

Полицијата информира дека вчера околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станот во кој живеел на ул.„Лихнида” во населбата Ѓорче Петров бил пронајден починат А.Д.(55).

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.