197
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М.(23) од скопското село Студеничани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти’’.
Како што информира МВР, на 13.10.2023 на делот од автопатот од наплатна станица Романовце кон Граничниот премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед во возилото „фолксваген бора“, кое го управувал Б.М., при што пронашле 12 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.