Жителите на Лакоречеј се плашат од Лев Тахор: „1000 луѓе живеат во опсада“

од Nikola Popovski
432 прегледи

Жителите на охридското село Горно Лакоречеј остануваат на ставот дека еврејската група „Лев Тахор“ мора да замине од нивното село.

-Изјавата на денешната госпоѓа што ги води е дека тие сакаат трајно да останат во државата. Нека си заминат веднаш. 1000 луѓе не можат да живеат во страв поради 30 луѓе, 1000 луѓе не можат да живеат во опсада поради 30 луѓет што сакаат да се раскомотат овде. Не знаеме кои се, од кај се, какви се, зошто се, само гледаме дека од секаде се бркани, рече еден од жителите пред медиумите.

Поради ова, за утре е најавена средба меѓу охридскиот градоначалник и жителите на селото.

Една од членовите на „Лев Тахор“ денес изјави дека непотребно се создава омраза против нив.

-Македонија е прекрасна земја и народот е добар, независно што поединци негативно реагираат. Целта ни е да ги посетиме синагогите, гробиштата и други културно историски споменици на еврејската заедница. Потрошивме многу пари, а не исполниле ниту еден од плановите за посета. Не сме шпиуни, ниту терористи и не бевме протерани од БиХ, тоа се само медиумски шпекулации. Моментално немаме постојан престој, во потрага сме по земја каде ќе ни биде дозволено да ги практикуваме нашите човечки права и религиозни слободи, како што е запишано и во библијата. Во меѓувреме транзитираме, не знаеме кога тоа ќе се случи, но засега немаме планови за постојана дестинација, рече таа.

Слични содржини