По денешната јавна презенатација на проектот од страна инвеститорот кој треба да се гради карши „Холидеј Ин“, ние ја информираме јавноста дека целосно го поддржуваме презентираното, велат жителите на Ново Маало.
-Драго ни е што инвеститорот најави целосно реализирање на сите обврски кон нас и очекуваме реализацијата на овој проект да почне во најбрз рок.Од она што го видовме денес, може да се заклучи дека просторот целосно се уредува, а посебно е за поздавување најавата за изградба на голема зелена површина со фонтана во средината на паркингот со големина колку Плоштад Македонија, велат жителите од оваа скопска општина.
Тие додаваат дека ова треба да биде реализирано и општината да даде согласност на инвеститорот за да се спроведе како што е најавено на презентацијата.
-Ова ќе значи ново зеленило и уреден јавен простор, практично уште еден плоштад но со многу зеленило.Најостро ги осудуваме најавите и барањата не некои невладини организации за стопирање на проектот, тие немаат право да одлучуваат за тоа како ние ќе живееме и заради неразумни барања да останеме да живееме во услови од 19 век. Овој план е добар, има многу јавен простор и места кои ќе бидат на сите граѓани.
Утре во 14 часот ние жителите ќе одржиме конференција со медиуми на паркингот на Холидеј Ин.Повикуваме што повеќе медиуми да дојдат за да ги образложиме нашите ставови и проблемите со кои ние се соочуваме повеќе од 50 години, велат жителите на Ново Маало.