Дел од жителите на скопската населба Железара и попладнево протестсираа на улицата „Коце Металец“ . барајќи од надлежните органи да ја ограничат брзината на движење по оваа улица, која ја поврзува Автокоманда со Бутел, да постават лежечки полицајци, да има зајакнати полицски контроли или пак да се реконструира за да се направи побезбедна за пешаците и велоспедистите.
Но, денеска десетиците жители на Железара лице кои ја блокираа улицата, беа дополнително изреволтирани од лице кое со автомобил сакаше да помине и покрај полициското обезбедување. Нејасно е како поминал покрај полицијата која го обезбедува протестот, бидејќи до сега на протестите ниту едно возило не било пропуштено. Па, граѓаните кои протестираа денеска мораа сами да реагираат за да биде вратено назад лицето.
Повод за блокадата е сообраќајна незгода што се случи минатата недела, кога возило „Ауди А5“ движејќи се со голема брзина удри во 45-годишна жена пешак, која им подлегна на здобиените повреди.