Жителка на Кисела Вода пронајдена мртва во својот стан

од Nikola Popovski
443 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека жителка на Скопје била пронајдена почината во својот стан.

Од МВР велат дека на 23.06.2021 околу 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот стан на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината К.К.(57) од Скопје.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција“, соопштуваат од полицијата.