Жито Маркети стартува голема наградна игра: ЧЕКОР ДО ЗЛАТНА ДОБИВКА – ИГРАЈ И ОСВОЈ ЗЛАТО!

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Жито Маркети ја започна годинешната голема наградна игра! Под слоганот “Чекор до златна добивка”, наградната игра за своите потрошувачи компанијата ја стартуваше на 15-ти мај и ќе трае речиси цело лето, сè до 15-ти септември.

Името на наградната игра е внимателно одбрано, како најбрза и најдобра асоцијација на тоа колку малку ќе му биде потребно на потрошувачот за да дојде до вистинско злато – затоа што главните награди се во тежина на еден килограм инвестициско злато! Заедно со овие златни награди, вкупниот награден фонд на “Чекор до златна добивка” е повеќе од осум милиони денари. Наградната игра се спроведува и е дел од активностите во рамките во коишто Жито Маркети слави три и пол децениски јубилеј и успешно работење на домашниот пазар.

Од компанијата велат дека исклучителен поттик за да организираат една голема наградна игра и во оваа година, била одличната реализација и споделените позитивни реакции на потрошувачите за двете наградни игри кои беа спроведени во 2022 година, заедно со 35-тиот роденден што се одбележува годинава.

-35 години домашна, македонска компанија, со 35 години успешно работење, со 35 години секојдневно градење лојалност и взаемна доверба со граѓаните – се одличен повод да се одлучиме и оваа година да организираме една голема наградна игра. Го имаме задоволството и годинава да овозможиме на нашите ценети потрошувачи, но и на оние кои допрва ги осознаваат придобивките од лојалните програми на Жито Маркети, да им понудиме забава при пазарењето и можност за одлични награди во рамките на “Чекор до златна добивка”, – велат  одговорните од Жито Маркети.

Вкупниот награден фонд е составен од: 140 Потрошувачки ваучери по 3.000,00 денари; 140 Потрошувачки ваучери по 5.000,00 денари; 20 Телевизори; Три автомобили КИА Рио; и, секако, како врв на наградната игра – пет плочки инвестициско злато од по 100 грама и една плочка инвестициско злато од 500 грама.

Извлекувањата на добитниците ќе се одвиваат во неколку етапи. Ќе има три извлекувања, по едно секој месец и едно главно извлекување. Првото извлекување ќе биде на 24 јуни, второто на 22 јули и третото на 26 август. Главното извлекување ќе биде на 30 септември 2023 година, при што ќе биде организиран голем настан со забавна програма и гости, на кој ќе се извлекуваат главните награди во тежина од еден килограм злато!

За повеќе информации околу наградната игра, за правилата, за фондот на награди и за сите останати детали, прочитајте на линкот: https://zito.com.mk/cekor-do-zlatna-dobivka/

 

Слични содржини