Извлечен последниот автомобил од наградната игра на Жито Маркети, потрагата по добитниците на злато продолжува

од Vladimir Zorba

Валентина Голубова од Кочани е третиот добитник на автомобилот Kia Rio 2023, од наградната игра „ЧЕКОР ДО ЗЛАТНА ДОБИВКА”, организирана по повод 35 години постоење на Жито Маркети.

Иако третиот круг од наградната игра која стартуваше пред три месеци заврши, потрагата по добитниците на главната награда на пет златни плочки од по 100 грама и една плочка од 500 грама сѐ уште трае.

Последната Kia Rio од наградната игра беше извлечена викендов на пригодната забава којa се одржa пред маркетот Жито Ване во Велес. Покрај автомобилот беа доделени и 35 вредносни ваучери од по 3.000 денари, 35 вредносни ваучери од 5.000 денари и 5 телевизори.

Извлекувањето на добитниците беше емитувано во живо на Facebook страницата на Жито Маркети, а за регуларноста на целиот процес беше задолжена петчлена комисија.

Не заборавајте, неизвлечените купони од првото, второто и третото извлекување ќе бидат вклучени во последната – четврта етапа во која исто така златните купони ќе учестуваат за извлекувањето на главните награди, златни плочки со вкупна тежина од 1 килограм.

Побрзајте, собраните купони и златни купони од  15.05.2023 до 15.09.2023, ќе бидат дел од главното извлекување кое ќе биде на 30 септември 2023 година, при што ќе биде организиран голем настан со забавна програма и гости, на кој ќе се извлекуваат главните награди.

Имињата на добитниците од третото извлекување се објавени на веб страницата на Жито Маркети и можете да ги погледнете на следниот линк: https://zito.com.mk/dobitnitsi-od-nagradnata-igra-chekor-do-zlatna-dobivka-3/

Слични содржини