Живаљевиќ го споменал присуството на Игор Југ, поддржувач на Хрватските ослободителни сили (ХОС), кој бил облечен во кошула со шаховница и можеби, имал и оружје. Според него, Југ не бил уапсен, ниту, пак, тепачите со маски, но според одредени информации Југ требало да го ликвидира Заев.

Прво јавно сведочење на Живаљевиќ за неговата активност во Македонија и за време на настаните од 27 април.Живаљевиќ констатираше дека македонските разузнавачки служби точно ги знаат по име сите десетици лица кои биле под маски и каде е Игор Југ кој според одредени сознанија требало да го ликвидира Заев.
Горан Живаљевиќ -Гута дипломатот и офицер на српската разузнавачката служба БИА во Р.Македонија, во синоќешната емисија Ќирилица на ТВ Happy говорејќи за неговата активност во Скопје, изјави дека на 27 април за време на почетокот на упадот во македонското собрание незнаел за настаните и дека на повик на амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ во 18.30 дознава за насилничкиот упад во Собранието. За да и помогне на амбасадорката, како што изјави во брзината на информирањето за настаните во Србија тој телефонски го информира Белград од каде добива инструкции да ги следи сите настани и да јавува за реалното време. До 19.00 часот бев дома и го следев настонот на ТВ. Бидејќи околу 19.00 часот ми се јавија од Белград со најава дека постои можност одредени навивачки групи и екстремисти од Србија да дојдат во Скопје, ми дадоа инструкции да ги лоцирам и да ги информирам за тоа македонските разузнавачки служби. За половина час од тогаш со фотографии земени од амбасадата од одредени лица екстеремисти кои можеа да ми помогнат за препознавање, доаѓам пред собранието некаде пред 20.00 часот. На влезот немаше никој, влезот беше слободен и народот влегуваше слободно-изјави Живаљевиќ во емисијата на ТВ Happy.
Сметајќи дека неможам задачата да ја извршам доколку не извршам непосреден увид во состојбата, свесен за камерите во собранието и деликатноста и потребата да ги информирам колегите од македонските служби, во дилема кого да информирам за настаните од македонските служби се одлучив да му се јавам на советникот за безбедност на претседателот на Македонија, на Синиша Aлексовски со кого имав контакти, а кој во тој момент бил во Охрид. Така да јас во Собранието влегов во 20.20 мин, а тепањето на Зоран Заев и пратениците беше во 18.45-изјави Живаљевиќ.
Бидејќи Белград од мене бараше да дознам дали ќе биде воведена вонредна состојба, јас од собранието му се јавив на Новевски со тоа прашање, каде тој ми одговори дека нема да се воведе, со прашање каде се наоѓам. Тогаш јас му го испратив тоа селфи со моја фотографија.
Во прилог на своето тврдење дека се одвлекува вниманието од вистинските насилници во емисија на српска телевизија Живаљевиќ го споменал присуството на Игор Југ, поддржувач на Хрватските ослободителни сили (ХОС), кој бил облечен во кошула со шаховница и можеби, имал и оружје. Според него, Југ не бил уапсен, ниту, пак, тепачите со маски, но според одредени информации Југ требало да го ликвидира Заев. И не се знае, според Живаљевиќ, каде е Југ, иако „половина Скопје знае кои се тие.”
Живаљевиќ констатираше дека македонските разузнавачки служби точно ги знаат по име сите десетци лица кои биле под маски. И еве досега не е објавено кои се тие, а со мене македонската јавност наголемо се бави со аферата објавено после месец дена од настаните-дефокусирајќи ја јавноста со тоа. А кога не помина приказната за мене како за „тепач“, како што изјави тој, таа „требало да се зајакне, па му било пришиено дека е руски разузнавач“.
„Требаше да се најде моја врска со руските служби. Патем, јас никогаш не сум бил во Русија и никогаш не сум бил во контакт со некој Русин. Се дружев со претставници на сите главни служби, но никогаш со Русите”, рече Живаљевиќ.
Дека македонските служби цело време го прислушкивале во Скопје, Живаљевиќ како доказ ги посочи разговорите со новинарот и пратеник на СНС Мирослав Лазански- кој според македонските медиуми бил проруски човек. За тоа сведочат и објавените транскрипти од телефонските разговори што ги водев со мојот другар и лидер на српската партија во Македонија (ДПС), Иван Стоилковиќ. Според Живаљевиќ, Стоилковиќ негувал извесни симпатии кон Русија, но потенцираше дека тоа е негово право да го избира својот политички пат и опциите за кои мисли дека нему и на неговата партија ќе ѝ донесат гласови. Сета таа негова активност е забележана од македонските служби-изјави Живаљевиќ.
Македонија добива улога на ‘тројански коњ’, бидејќи ако Грција, Бугарија и Србија се непријателски земји, преостанува дека им се пријатели само Албанците“, констатира Живаљевиќ.
Горан Живаљевиќ-Гута повеќе не работи во српската амбасада во Скопје и како што констатираше не му било лесно за време на овие настани, кои според него ги пореметија во еден момент македонско-српските односи.