„Живееме во опасни времиња“ Руската инволвираност може да се види во многу светски конфликти, вели британскиот министер за надворешни работи

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Руската вмешаност може да се види во многу војни кои моментално се водат низ светот, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

На состанокот на НАТО во Брисел, тој ги повика членките на таа алијанса да се „сериозни“ во однос на доделувањето средства за трошоците за одбрана, пренесе Ројтерс.

„Живееме во опасни времиња. И додека гледаме на конфликтите ширум светот, со војната овде на нашиот континент – во Европа, ја гледаме масивната агресија на Блискиот Исток, со постојаното влијание на Иран на Блискиот Исток, и со растечките конфликти во Судан и сега во Сирија, има една земја која е многу вклучена во тоа, а тоа е Русија“, рече Лами.

Слични содржини