Живот 2.0: Дефинитивно живееме во нова реалност

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 

„Постојат децении кога ништо не се случува, а има недели во кои се случуваат децении” –  Ленин

0-prikazna-od-eden-gradski-avtobus-koja-go-nasmea-internetot-sredba-na-baba-i-urbana-devojka-kafepauza.mk_

 

 

Има една изрека од Ленин: „Постојат децении кога ништо не се случува, а има недели во кои се случуваат децении”.

Така мене ми изгледаше неделата што ја минав закован за Си-Ен-Ен на големиот екран и за Спутњик на малиот, гледајќи го нестварниот масакр во Ница и ден потоа обидот за воен пуч во Турција.

Војната почна. И тоа светска, иако тоа нам не ни е јасно до крај, исто како што не им било ни на нашите дедовци во јули 1940 година, кога разговарале за светската политика пиејќи турско кафе во „Руски цар”.

Ница беше европскиот 11 септември. За секогаш ќе ми остане сликата од камион кој влетува во деца на улица на која одев минатата година. И мојот мозок кој во тој момент го врти филмот, што би направил со својата ќерка, дали е добро и натаму да се оди во турканици од спротивната страна на улицата.

Тоа чувство првпат го имав непосредно по бомбардирањето, кога отидов во Израел. Работев за „Вечерње новости“, а спиев кај својот пријател Лабуд, фоторепортер, на кој жена му штотуку се врати во Србија, бидејќи не можеше повеќе да го издржи тоа насилство.

Зборувам за крајот на 1999 година, непосредно по бомбардирањето.

Се сеќавам како денес на тие самоубиствени напади, ги имаше од прилика на секои два до три месеци, нешто што западниот свет денес може само да го посака. Покрај тоа, никој не бркаше деца како овие дивјаци од ИД. Имаше нешто што се подразбираше, дури и во тие терористички напади.

Колку и да се јуначев тогаш, 15 години помлад и постојано со виски „Џек Даниелс“, знаев дека во јавен превоз, на пазар, на автобуска станица, кафеана, не се влегува без обезбедување.

Уште една работа запаметив од тој пат, штом ќе видиш муслиман, или некој кој лесно може да ги соблече чевлите, бегај што подалеку, бидејќи во рај со девици се оди босоног.

Се сеќавам и на средбата со шефот на Мосад, така тогаш ги доживуваа нашите медиуми во земјата, кој ми објасни дека самоубиствените напади ќе престанат кога сите самоубијци ќе се убијат.

Ограничен е бројот на луѓето кои се подготвени да загинат за своите идеали.

Но, тогаш се случи тоа. Лажниот Џорџ Буш, па сопругата на поранешниот претседател која извлече некаков Кисинџеров план за Блискиот Исток стар 30 години. Следеше отворена војна на Западот и Исламот, во која терористите добија неограничени ресурси, т.е. луѓе кои се подготвени да загинат за својата идеја. Уште поважно, да убијат други.

Во Турција пропаднаа јаловите обиди на секуларистите да ја вратат воено најсилната муслиманска земја. Го очекував ова. Ердоган активно и помагаше на ИД, и се закануваше на Европа со бегалци, ги поддржуваше Хезболах, Муслиманското братство, се опкружи со послушници, ги затвори медиумите…

Во „Заман“, весниците кои ги гледав како светско чудо, ја прати полицијата да го смени главниот уредник. Во приватен весник? Исто како мене да ме смени полиција во „Недељник“.

И што се случи на крај. Не знам колку е точно, но Ердоган изгледа го спаси неговата љубовница, коа го вклучи сред програма на Си-Ен-Ен Турк да ги повика своите симпатизери на улица. Има нешто и во тие жени.

Ќе се закрпи некако сето ова. Но, дефинитивно живееме во нова реалност.

Нова верзија од животот. Живот 2.0. Како на АјФон.

Недељник – Белград