Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да бидат укинати сите рестрикции освен задолжителното носење на маска во болници, аптеки, јавен превоз и старски домови.
Согласно владината одлука, нема веќе потреба од вакцинални сертификати во затворените делови на угостителските објекти и одењето на спортски и културни настани. Нема веќе ограничување на број на посетители ниту пак протоколи кои беа воведени за се и сешто.
Во моментов најмногу заболени има во Скопје, додека пка заразени нема во Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Берово, Валандово, Виница,
Пробиштип ,Богданци, Кратово , Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод, Демир Капија ,Македонска Каменица Пехчево и Дојран.
Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а бројот на активни случаи изнесува 572.