Животните исчезнуваат од Земјата

од desk3
69 прегледи

Шестото масовно истребување на животинските видови од Земјата се одвива побрзо отколку што се сметаше порано, што е еднакво на биолошко уништување на дивиот живот на планетата, предупредуваат научниците. Различни видови и популации на над 30% од животните со рбет – риби, птици, амфибиски, влекачи и цицачи, постепено се намалуваат, покажува првото масовно истражување на овие трендови на глобално ниво, цитирано во научни публикации. 

Станува збор за органско уништување што се случува во светот, смета проф. Родолфо Дирсо од Универзитетот Стенфорд, кој е и коавтор на истражувањето.

Според анализата, која ја маркира популацијата на над 27.000 животински видови, загрижувачки е и проблемот во одредени  зони на различни животни. Во неа се наведува дека цицачите имаат изгубено најмалку една треина од првичното живеалиште. Во исто време 40% од нив меѓу кои и носорози, орангутани, горилата и многу големи мачки опстануваат едвај 20% или помалку од територите кои претходо биле нивен дом.