Животот во зграда на висок кат ја намалува шансата човек да преживее при инфаркт, покажува канадско истражување, цитирано од в. “Индипендент”.
Со зголемување на катовите, на кои пациентот со инфаркт живее, се намалува шансата за опстанок во сличен инцидент, а по 16-тиот кат нема речиси никаква шанса при прекин на срцето.
Причина за тоа е што им е потребно повеќе време на спасувачките екипи да стигнат до жртвата, а со секоја минута задоцнување шансата за позитивен исход се намалува со од 7% до 10%, покажуваат податоците на научниците од болницата “Сент Мичел” во Торонто.
Тие спроведоа истражување на над 8.000 луѓе кои преживеале срцев удар во периодот 2007-2012 година. Од оние кои живеат под третиот кат, 4,2% преживеале. Кај овие повисоко, процентот опаѓа до 2,6%. Кај луѓето кои живеат над 16-тиот кат процентот е сосема незначителен – 0,9%.
Од разгледаните случаи на 30 лица кои живеат над 25-тиот кат и добиле запирање не срцето, ниту еден не преживеал. “Подолгото време помеѓу пристигнувањето на медицинската помош и првиот контакт со пациентот на место е едно од можните објаснувања за помалиот број преживеани”, се вели уште во студијата.
Таа, исто така, предупредува дека “со изградбата на повисоки згради … негативното влијание врз опстанокот на заедницата може да се зголеми”.
“Намалување на времето за реакција при прекин на срцето во високи згради, може да ја зголеми (шансата за) опстанок”, додава уште канадската студија. Таа препорачува поставување на дефибрилатори на одредени катови во високи згради. Меѓу другите препораки е роднините на жртвата да се уверат дека лекарскиот тим ќе има брз пристап до лифт при пристигнувањето.