Жизел Бундшен проговори за обвинувањата дека го изневерувала Том Брејди

од Симе Стоиков

Откако се дозна за разводот на Том Брејди и Жизел Бундшен, почнаа да кружат гласини дека таа го изневерува.

Па Жизел реши да излезе и да ги отфрли сите наводи за прељуба.

„Тоа е лага“, кратко рече таа.

Жизел сега е во врска со својот инструктор по јога, за кој се шпекулираше дека почнале да излегуваат додека манекенката се уште била со Брејди.

“Навистина не сакам да направам таблоид од мојот живот. Ова е нешто што им се случува на многу жени кои се обвинуваат кога имаат храброст да напуштат нездрава врска, веднаш се етикетирани како неверни”, изјави таа за НјЈорк Тајмс.

Да потсетиме, Жизел и Том се разведоа по 13 години брак, од кој имаат две деца.

Слични содржини