Жизел ја преживеала врската со Леонардо ди Каприо со многу алкохол и цигари

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Супермоделот Жизел Бундхен се врати пред неколку години и повторно го коментираше нејзиниот однос со Леонардо Ди Каприо, со кого била заедно 5 години во периодот 2000-2005 година. Се чини дека тоа не бил најсреќниот период во нејзиниот живот, и таа призна дека таа западнала во пороци како алкохол и цигари.

“Откако престанав д ги приглушувам чувствата со алкохол, цигари и премногу работа, почнав да го гледам појасно она во што не сакав да се претворам”, изјави убавицата во новиот број на списанието PORTER.

“На прашањето дали сакав само нешто сериозно и тој бил на исто ниво, одговорот отсекогаш бил едно – ДА”, додаде таа.

Времето поминато со Лео одамна е зад неа. Моделот објасни дека таа секогаш сакала стабилност и семејство кои сега ги добила и во лицето на нејзиниот сопруг Том Брејди, од кого таа има две деца – син Бенџамин (9) и ќерка Вивиен (6).

Нејзиниот поранешен, од друга страна, продолжува да ги менува своите понежни половини како шамиче. Со текот на годините, Лео имал врски со Тони Гар, Бар Рафаели, Ева Херцигова и Ерин Хетертон. Во моментот тој е со уште една модел/актерка – 21 годишната Камила Морон.