Брисел :Жолт картон за Грција за границата !

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Европската комисија је предупреди Грција дека би можело во мај да се соочи со дополнителни гранични контроли со други држави во Шенген зоната доколку не ги поправи, како што се наведува, „сериозните пропусти“ на надворешните граници на Шенген.

миг нол

Членките на Европската унија почнаа се поостро да ја критикуваат Атина за тоа како се справува со бегалската и мигрантската криза. Неколку земји веќе воспоставија вонредни контроли на нивните граници и предупредија дека би можело да ја исклучат Грција од Шенген зоната. Грција на заканите одговори дека министрите за внатрешни работи на состанокот во понеделникот заклучиле дека Турција го држи клучот за справување со кризата. „Обидот да се изолира Грција не е конструктивен“, изјави портпаролот на грчката влада Олга Геровасили.