„Жолтите елеци“ победија, Макрон попушта: Се суспендираат таксите за гориво

од desk2
91 прегледи

Француската влада подготвува суспендирање на растот за таксите за горивото, вели извор од владата за Ројтерс.

Одлуката доаѓа по неколку протести одржани ширум Франција. Во Париз за викендот беше особено бурно. Уапсени се неколку стотици демонстранти кои во градот на Елисејските полиња направија голема штета која економијата ќе ја чини милиони евра.

Протестите на „Жолтите елеци“ почнаа на 17 ноември и се фокусираа на затегнувањето на буџетот со нови такси кои претседателот Емануел Макрон ги воведе на дизелот.

Таквата одлука тој ја сметаше за неопходна во борбата против климатските промени и заштитата на животната средина.

Сепак, од тогаш, протестите се директно насочени против Макрон, а многумина го критикуваат дека ја следи поитиката која ги поддржува најбогатите слоеви на француското општество.